И Ница ќе добие реплика на њујоршката Статуа на слободата

Во Ница наскоро ќе се постави реплика на њујоршката Статуа на слободата. Репликата  на статуата, чија големина, но и нејзиниот изглед се уште не се познати, ќе биде поставена на новиот кеј на САД во Ница.

Поставувањето на статуата ја најави градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози. Според француските медиуми, градските власти статуата ја нарачале пред две години.

27.01.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега