Николоски избран за потпретседател на Мониторинг Комисијата на ПССЕ

 Пратеникот Александар Николоски утрово бил избран за потпретседател на Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа, односно така наречената Мониторинг комисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, јавува МИА.

Николоски за ова место беше предложен од групата на Европските народни партии во која заседава ВМРО-ДПМНЕ, и тоа е досега една од највисоките функции кои ја извршувале македонските парламентарци во комисиите на ПССЕ.

Македонската делагација која ја предводи Алексанадар Николсоки, ја сочинуваат и Ермира Мехмети пратеничка од ДУИ и Игор Ивановски пратеник од СДСМ. На зимската сесија на ПС на Советот на Европа, која започна изутринава со гласањето за нов претседател на ПССЕ наместо досегашниот Жан-Клод Мињон, пратениците од 47 земји членки избираат меѓу британецот Роберт Валтер и пратеничката од Луксембург, Ан Брасер.

Според најавите, главни теми за кои ќе се дебатира во Стразбур, се случајот Магнитски, влијанието на интернетот врз политиката, како и интеграцијата на мигрантите во Европа. Ќе се зборува и за борбата против климатските промени, евалуацијата на „партнерството за демократија" со Палестинскиот национален совет и оправданоста на меѓународните организации за кршење на човековите права. Поднесено е и барање на дневниот ред да биде ставено функционирањето на демократските институции во Украина. Свои обраќања пред пратениците ќе имаат Австрискиот канцелар Вернер Фејман и претседателот на Европарламентот Мартин Шулц. Генералниот секретар на Европа, Торбјорн Јагланд ќе поднесе извештај, а австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, во својство на претседавач со Комитетот на министрите, ќе ги презентира приоритетите на австриското претседателство

27.01.2014 - 13:33
Фото: 
е-вести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега