Пожар проголта куќа во селото Козјак

Голем пожар кој избувнал утрово околу 3 часот, ја пеплоса куќата на Мегди Асановски во селото Козјак.

Ресенската Противпожарната единица интервенирала со четири возила и девет пожарникари, но, поради лошите временски услови, 11 степени под нулата, на помош биле повикани и битолски пожарникари. Во пожарот целосно изгореле горниот кат и покуќнината.

Материјалната штета засега е проценета на околу 50.000 евра.

Градоначалникот Ѓоко Стрезовски ги посетил оштетените и ветил помош во рамки на можностите.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

27.01.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега