Ѓулен негира дека создал „паралелна држава“ во Турција

Фетула Ѓулен e исламски проповедник, кој живее во САД. Ѓулен негира дека им давал наредби на полицијата и обвинителството за антикорупциската истрага што ја тресе Владата на Турција, нагласувајќи дека неговото движење е искористено како жртвено јагне за да се одвлече вниманието.

Toj во своето прво телевизиско интервју за Би-Би-Си изјави дека турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изгледа бил подведен од неговата „дворска свита“, алудирајќи на советниците во опкружувањето на османлиските султани.

Корупцискиот скандал, што доведе до оставки на тројца владини министри заради истрагата во која беа приведени нивните синови и бизнисмени блиски до Владата на Ердоган, прерасна во најголемата закана за 11-годишното владеење на премиерот.

Ердоган истрагата ја оцени како обид за преврат од „паралелна држава“, посочувајќи дака зад него стои движењето „Хизмет“ на Ѓулен, кое има силно, иако прикриено, влијание во полицијата и судската власт.

Во интервјуто снимено во домот на проповедникот во Пенсилванија, кое е емитувано денеска, Ѓулен ги негира тврдењата дека создал „паралелна држава“ во Турција.

Според него, меѓу илјадниците полицајци и обвинители кои беа сменети од функциите како дел од чистката што ја спорведе Владата, има и такви кои не му припаѓаат на неговото движење „Хизмет“, туку напротив имаат спротивни идеолошки погледи.

Тој смета дека има основани сомнеж за корупција на кои Владата треба да одговори.

"Поткупи, корупција на државни службеници, злоупотреби со тендери.Овие нешта досега беа сметани за криминал, така што полициската структура презема мерки за борба против тоа", изјави Ѓулен.

 „Не знаеле ли дека овие нешта престанале да бидат криминални?“ додава тој.

 

 

27.01.2014 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега