Ангеловски: Обрван ме опцу (ВИДЕО)

 

Бранко Ангеловски проговори за тоа што се случи со нашата репрезентација во Данска и за инцидентот кој што го имаше со тренерот Обрван. 

Ангеловски по натпреварот со Исланд се огласи со критика за натурализацијата во нашиот национален состав, велејќи дека „непотребно се делеа пасоши“.

По ова, селекторот Ивица Обрванго отстрани Ангеловски од националниот тим.

„Сето тоа ескалираше за време на натпреварот со Данска, кога бев изваден, и кога на клупа селекторот ме опцу, директно во лице, ми опцу мајка, само затоа што гласно размислував и кажав дека, пола да ми се дава шанса како што на некој друг му се дава ќе имаме корист сите ние“ вели Ангеловски во интервјуто за „Тера ТВ“.

Ангеловски донесе одлука и да се повлече од репрезентативниот табор.

„По натпреварот селекторот ме одбегна и тоа ми беше знак дека не сум пожелен во репрезентација, бев во мисла да си заминам од репрезентацијата, но моите пријатели од селекцијата ми укажаа поддршка и ми рекоа дека сум потребен на оваа репрезентација, ги послушав и останав“ открива репрезентативецот на Македонија.

Ангеловски обелодени дека токму поради тоа капитенот Лазаров излегол со изјава „Молчиме за мир во куќата“.

 „Ова е таа работа што ние ја премолчивме. Капитенот сега обелодени што сме премолчеле, молчевме за доброто на македонскиот ракомет“ дополни Ангеловски.

27.01.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега