ШПИОН: Судот под полициска опсада- детален претрес на сите присутни
Силно полициско обезбедување околу зградата на Врховниот суд во Скопје каде денеска треба да започне судскиот процес за „Шпион“.
Новинарите се држат во близина на Апелациониот суд додека полицијата детално ги претресува сите коис акаат да присуствуваат на првото рочиште за случајот.
Сеуште е неизвесно во колкав дел од постапката ќе биде присутна јавноста. Минатата недела од судот излегоа со тврдење дека процесот ќе се води како сите други и дека исклучувањето ан новинарите ќе биде по исклучок кога ќе се изведуваат доверливи докази.
Обвинетис е 19 лица меѓу кои поранешни разузнавачи, полицајци, вработени во одбраната, соработници на видни политичари. Се теретат за злосторничко здружување, шпионажа, уцени из акани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа