Пајакот викендов направил парче низ Скопје
Сообраќајната полиција викендов направила “парче“ на скопските улици.
Според информациите оттаму, казнети биле 47 возачи кои ги управувале своите моторни возила под дејство на алкохол и истите биле исклучени од сообраќај. Казни заработиле и 64 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 32 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Санкционирани биле и десетмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 25 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.
Во текот на викендот, специјалното возило „пајак“ отстранило 108 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција продолжува со едукативните работилници на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во ОУ „Војдан Чернодрински“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.
Не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа