Протести во Париз - повредени 19 полицајци
Во вчерашните протести во Париз упасени биле 250 лица, а 19 полицајци се повредени. Овие демонстранти се против политиката на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Како што соопштува француската полицијата, во протестите учествувале околу 17.000 луѓе, додека според организаторите бројката на демонстранти изнесувала околу 120.000.
Учесниците во протестот, кој беше организиран од речиси 50 десничарски, екстремно десничарски и конзервативни католички организации и наречен „Ден на гневот“, побараа оставка од шефот на државата и неговата Влада, укинување на легализацијата на истополовите бракови и на законот кој дозволува право на абортус, како и преземање на поефикасни мерки во борбата против големата невработеност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа