Пензионерите се “тепаат“ за бесплатна бањска рекреација

 

 

Интересот за проектот бесплатна бањско климатска рекреација на прензионерите кој продолжува и годинава е голем, рече премиерот Никола Груевски. Тој информираше дека обезбедени се средства за 5.500 пензионери, кои можат да се пријавуваат до 14 февруари.

Како што објасни премиерот, продолжувањето на проектот е резултат на фактот што тој се покажал како мошне успешен и за него имало голем интерес во изминатите години.

- Во изминатите години интересот беше огромен. За годинава се обезбедни средства за 5.500  пензионери да отидат на бања бесплатно, бидејќи трошоците ги покрива државата. Огласот е веќе објавен, трае до 14 февруари. Исто како и минатите години, и годинава овој проект е успешен и за него има голем интерес од пензионерите, рече Груевски по промоцијата на 60 нови книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Премиерот истакна дека при неговите посети на објектите за бањско-климатска рекреација, забележал оти пензионерите се многу задоволни и речиси да немале замерки.

- Тие беа задоволни од можноста што можат да посетат бања. Некои од нив претходно воопшто немале можност тоа да го направат. Овој проект продолжува и натаму. Сите што се заинтересирани можат да се пријават до 14 февруари. Интересот е огромен и се надевам дека годинава ќе продолжи со иста динамика и успешност како и претходните години, рече премиерот.

Досега ова право го искористиле околу 20 илјади пензионери.

26.01.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега