Жена влегува во трката за претседател на Македонија? - Ванковска ја најави можната кандидатура

 

Професорката Билјана Ванковска преку социјалната мрежа „Фејсбук“ проверува дали јавноста ќе ја поддржи да се кандидира за претседателка на Република Македонија на претстојните избори.

„Се слушнаа голем број коментари дека меѓу досега споменуваните можни кандидати за претседател на РМ нема ниту една жена, а дека сите се/ќе бидат партиски определени или блиски до партиите. Да не зборувам за „консенсуалниот кандидат“… Мнозина, и на ФБ и на улица, ми велат „професорке, што не се кандидирате?“. Прашувам конкретно: колкумина од вас ќе стават лајк на идејата да соберам 10.000 потписи за независна кандидатура?, напиша Ванковска на својот Фејбук профил.

 

 

26.01.2014 - 14:15
Фото: 
www.radiomof.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега