Аркан сакал да се разведе поради Дорис Драговиќ !?

Дорис Драговиќ била лудо вљубена во покојниот српски командант на Српската доброволна гарда Жељко Ражњатовиќ Аркан- сопруг на познатата српска пејачка Цеца.

Љубовта меѓу Дорис и Аркан цветала во доцните осумдесетти, пред да започнат борбите во поранешна Југославија.

Аркан ги фалел вештини кои Дорис ги поседува во креветот.

Дорис и Жељко криеле дека се во врска, но сепак излегувале заедно, особено во Белград, во клубовите “Нана”, “Тридент” и “Мажестик”.

Ова го потврдува добро познатиот шоу- биз менаџер Влада Перовиќ, кој често ги гледал заедно.

“Захар и јас ѝ го работевме албумот, но кога сфативме дека таа е фашист, престанавме да се дружиме. Сепак, таа продолжи да доаѓа кај мене во “Дуга” и тоа со Аркан. Се влечеше по Белград со него, а се зборуваше дека биле во “крес“ комбинација” – вели Перовиќ.

Дорис и Жељко сите контакти ги прекинаа, кога тој беше уапсен 1990 година во Двор на Уна, а Хрватска прогласи независност. Кратко време по овие настани Аркан ги формира “Тигрите” и се приклучи на војната во поранешна Југославија, а Дорис се мажи за ватерполистот Марио Будимир и му роди син.

Две години подоцна во 1993 Жељко се запозна со Светлана Цеца Величковиќ и се оженил со неа.

Аркан честопати и пред Цеца ја споменувал Дорис, шегувајќи се дека била “чудо” во креветот, што Цеца страшно ја вознемирувало.

26.01.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега