Нови сознанија: По неколку станови, џипови, земјишта - имотот на новинарите на СДСМ

 

По откривањето на скандалот кој го објави дневниот весник „Дневник“, каде се посочуваат десетици фирми чии сопственици се новинари блиски до СДСМ, на површина излегуваат дополнително документи кои покажуваат дека новинарите бизнисмени добро се офајдиле од нивните фирми.  НетПрес ги истражуваше деталите за овој случај кој предизвика навистина голема лавина на коментари во јавноста.

Сопствеништвото на повеќе фирми покажува дека основната дејност на овие луѓе и не било новинарството, туку бизнисот, пишува НетПрес. Според порталот, поседувањето на повеќе фирми економистите укажуваат дека упатува на две основни работи. Субјектите кои ги основаат фирмите или ја прошируваат својата основна бизнис дејност, или пак создаваат мрежа на фирми со цел изигрување на законите и користење на различни донации, одбегнување на плаќање данок и слично.

Бранко Героски се јавува како основач/сопственик на две фирми и едно здружение на граѓани и тоа Друштво за новинско издавачка дејност БГ ПРЕСС ДООЕЛ Скопје, Здружение на граѓани за родителство МАЈКА И ДЕТЕ – Скопје и Здружение на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување ЧЛЕН 16 Скопје.

Фирмата БГ ПРЕСС каде единствен управител и сопственик е Бранко Героски, ја основал на 1 април 2009 година. Фирмата за која Героски изјави дека не работи многу рентабилно има основна главнина од 319 илјади денари.

Фирмата Мајка и Дете, Героски ја формирал на 10 август 2011 година, и се јавува како сопственик со уште 4 други лица, меѓу кои и неговата сопруга Билјана Илиќ Героска, која е и овластено лице на фирмата. Седиштето на фирмата е станот во кој Героски живее, на поранешна улица „Бихаќка“, а по ново „Павел Шатев“.

Здружение на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување ЧЛЕН 16 Скопје е основано 23 јануари 2012 година, заедно со уште 9 други луѓе меѓу кои повторно е неговата сопруга Билјана Илиќ Героска, но и новинарот Ацо Кабранов. Единствено овластено лице, управител на ова здружение е исто неговата сопруга Билјана Илиќ Героска.

Вчера Героски во негова колумна која призлезе како реакција на тесктот во „Дневник“ за Здружението член 16, напиша:

„Героски не ’профитира’ од овие проекти, бидејќи, повторувам, непрофитна организација не може да направи профит, дури и да сака и да може“.

Но, податоците до кои дојде НетПрес покажуваат дека Здружението сепак остварува приход, но и профит. Според докуемнтацијата, за фискалната 2012 година бил прикажан приход на Здружението, кое во основа е непрофитна организација, од 4 милиони и 414 илјади денари. Истовремено, на име донации на сметката на ова здружение „легнале“ околу 594 илјади денари. Откако се прикажани расходите, профитот на Здружението, за кое Героски напиша дека е непрофитно, изнесувал 202 илјади денари.

Истовремено Геровски во колумната напиша дека тој и неговата сопруга се одлучиле за здружение, а не фирма „бидејќи не се занимаваме со милионски тендери и со други зделки“. Но, доколку се консултираат правниците вистината е друга. Според законот за здруженија на граѓани и непрофитни организации, член 7 став 2, организациите имаат даночни и царински олеснувања. Односно не се даночни обврзници. Се оданочавуваат доколу имаат одредена сума на приход што пак вечно се избегнува по билнасот на успех на здруженијата и што често се користи како извор на манипулации, додаваат упатените адвокатски канцеларии кои НетПрес ги консултираше.

Бизнисот дека добро им оди се гледа во имотот кој го спчеалиле

Според НетПрес, Бранко Героски поседува возило „Нисан Икс Треил“, кое кај нас во основната најефтина верзија на овој модел чини 29.350 евра, но во зависност на комфорот и капацитетите може да чини и до 40 илјади евра. 

Според потралот,  за Бранко Геровски се говори дека можеби најдобро од сите му оди бизнисот, пресликувајќи се во огромен недвижен имот, што лично негов што во заедничко сопствеништво со други.

- Па така, Геровски поседува нива во месноста Рупи на Матка Скопје со површина од близу 500м2 – како и викенд куќа.

- На улица Коле Неделковски поседува 2 стана со површина од 60 и 48 метри квадрати.

- Поседува заеднички помошни простории во станбена зграда во општина Центар со површина од околу 27 метри квадратни.

- Поседува огромен станбен-деловен простор од неколку стотина квадрат на булеварот Јане Сандански  во Скопје.

- на улица Бихаќка, сега Павел Шатев, поседува стан од 150 метри квадратни.

- Поседува стан во Охрид.

- на улица З.Шнајдер 14, поседува заеднички стамбени простории.

Уште еден новинар соптвеник на фирми е Борјан Јовановски

„Дневник“ напиша дека Борјан Јовановски се јавува како основач или овластено лице во неколку невладини организации и фирми. На пример, тој има фирма за филмска продукција „Еуровижн“, каде соосновач е неговата колешка Сашка Цветковска. Основачкиот влог на оваа фирма изнесува  310 илјади денари. Фирмата „Видео Веб-продукција“ во 2012 година остварила приходи од 1 милион 108 илјади денари. Според објавеното во „Дневник“, на адресата на  Борјан Јовановски е формирана и угостителската фирма „Мом-Томче Софка“, а е поврзан и со фирмата за деловен менаџмент и консултативни активности „Балкански центар – Бизнис“. Тој фигурира и во Институтот за европски интеграции И.Е.И Скопје.

Дека на Борјан Јовановски му оди добро бизнисот се гледа и во неговиот имот. Поседува автомобил „Тојота Рав 4“, но и 2 стан во Центар, пишува НетПрес

Пратеничката Ленче Николовска со својот сопруг и син исто така се во медиумскиот бизнис

Пратеничката и поранешна новинарка на телевизија „А1“ телевизија, Ленче Николовска, била соосновачка во „А2-телевизија“, сега во стечај, преку синот Илин Николовски и сопругот Тони Николовски, што во основ отвара политички скандал со оглед на политичкиот ангажман на Николовска . Исто така Ленче Николовска преку нејзниниот син, кој инаку е студент, го контролира порталот „Бриф.мк“. Фирмата која стои зад регистрацијата на „Бриф. мк“ во Марнет е Друштвото за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, чиј што основач и сопственик е синот Илин Николоски со вкупен влог за фирмата од 5.100 евра, што е позамашна сума за студент од 22 години.

Инаку медиумскиот бизнис на Ленче, покрај пратеничката плата, сепак и овозможува добар и комфорен живот. Таа поседува заедничко земјиште (овоштарник) со површина од 3.450 метри квадратни. Како и  уште еден овоштарник во Општина Градско, со површина од над 15.000 метри квадратни. Ленче има два автомобили, едниот „Киа Сид“, а вториот „Шевролет Авео“.

26.01.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега