ФОТО: Ова е Македонецот кој комплетно ќе ни ги промени навиките

Дарко Станојевски е млад Македонец кој изготви систем со кој преку апликација дома и во канцеларија ќе можеме да запалиме светло, да вклучиме бојлер, да го изгасиме клима уредот…

Toj во интервју за Курир зборува за својот изум, кој, како што вели е новитет и на светско ниво.

-Со моите двајца партнери Никола и Зоран, развивме иновативна технологија за таканеречен Smart House систем, кој што овозможува управување на сите електрични уреди во едно домаќинство од мобилна апликација. Ние го развивме потребниот хардвер и софтвер, продуктот е целосно наш и се работи за комплетна иновација, која е новитет и на светско ниво и моментален тренд во технолошкиот развој. Концептот на нашето Smart House решение се базира на едноставен plug’n’play метод, за кој не се потребни никакви реконструкции на постоечката инсталација во домот или пак било каква дополнителна електонска опрема и кабли. Нашите Smart House производи се инсталираат многу брзо и едноставно, конфигурацијата е исто така многу лесна. Ракувањето е многу пријатно за крајниот корисник, вели Станојевски за Курир.

Само со клик на мобилниот телефон, изумот на Дарко овозможува:

-Палење и гасење на светла, бојлер, ламби, клима, телевизор и секој друг електричен уред

-Отварање на електрична врата или гаража

-Автоматизација на прскалки и осветлување во двор

-Креирање на различни светлосни амбиенти во домот и нивна автоматизација

-Контрола и автоматизација на комплетниот дом или канцеларија преку smart phone

Тој најавува конкурентни и пристапни цени за системот Smart House.

Цената на нашиот Smart House систем е зависна од големината на објектот каде што ќе се инсталира, меѓутоа можам да кажам дека ќе имаме сосема конкурентни, пристaпни и соодветни цени за нашиот пазар и пошироко.Во тек се последните тестирања на системот и организација на потребната инфраструктура. Следни чекори се основање на фирма и локална дистрибуција во Македонија , за во следен чекор да се склучат партнерства за пласман во околните држави. Долгорочна визија ни е застапеност и на глобалните пазари, вели Дарко за Курир.

Целото интервју прочитајте го на Курир.

26.01.2014 - 11:13
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега