СКОПЈАНИ ВНИМАВАЈТЕ: Крадци безмилосно го пустошат Капиштец

За само 24 часа, две тешки кражби во скопската населба Капиштец.

Првата кражба се случила на улицата „Народен Фронт“, во станот на 35 годишниот скопјанец А.П. Засега непознат крадец провалил во станот, украл поголема количина златен и сребрен накит, 4 турски лири и еден машки рачен часовник. Богатството кое го украл крадецот се проценува на околу  740.000 денари.

Втората кражба се случила на улицата „Васил Ѓоргов“, во фирмата за компутери „Ривер Софт“. Засега непознато лице провалило во просториите на фирмата и украло 20 лап-топ комјутери. Истрагата на полицијата покажала дека крадецот влегол во фирмата, кршејќи изложно стакло.

Полицијата трага по арамиите.

25.01.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега