Таткото на позната пејачка прободен со нож од поранешната девојка

Таткото на познатата пејачка Мери Џи Блајџ се наоѓа во критична состојба откако неговата поранешна девојка вчера го избодел со нож. 

Како што пренесуваат светските медиуми, главна осомничена за овој инцидент е поранешната девојка, која претходно 63-годишниот Томас Блајџ ја затекнал како му ги буши гумите на автомобилот. Настанала жестока расправија, која кулминирала кога девојката земала нож и го прободела таткото на пејачката.

Инцидентот се случил во Детроит, а Блајџ бил веднаш пренесен во болница и опериран, по што сега се наоѓа во критична состојба.

Девојката заврши во притвор.

 

24.01.2014 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега