Сообраќајка во близина на Валона-повредени 12 полицајци

Повредени се дванаесет припадници на албанската полиција при сообраќајна несреќа која се случила синоќа во близина на Новосел кај приморскиот град Валона.

Причина за нереќата е погрешно свртување на возилото кое било на чело на колоната, по штобил предизвикан верижен судир.

Според последните информации, сите повредени полицајци се надвор од животна опасност.

Полициските службеници, кои  биле ангажирани во затворските служби во Албанија, со четири возила патувале од градот Фиер кон Валона за да извршат инспекција на затворот во Валона.

24.01.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега