Две лица загинаа во напад пред влезот на Врховниот суд во Франкфурт

Две лица загинаа денеска при напад со огнено оружје и нож пред влезот на Врховниот суд во Франкфурт.

Двете жртви се мажи на возраст од 45 и 50 години, кои им подлегнале на повредите веднаш по нападот.

Портпаролот на германската полиција соопшти дека уапсен е маж на возраст од 47 години, за кој се претпоставува дека е сторителот.

Полицијата се уште нема информации ниту за жртвите, ниту околу мотивот за нападот. Не е познато дали напаѓачот или убиените требале да се јават пред судот, ниту дали се познавале. 

24.01.2014 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега