Ѓорѓиев: Владата сака да ги мотивира најспособните со огласот за високи државни раководни позиции

 

Владата на Република Македонија го објави Огласот за ангажирање на над 80 лица на високи државни раководни позиции.

Александар Ѓорѓиев за Курир вели дека огласот има за цел да се мотивираат најдобрите кандидати да се јават на него.

-Ваков оглас не е наша обврска по закон, но ние ова го правиме со цел да ги мотивираме најдобрите кандидати да се јават. Сакаме да се пријават најквалитетните, најуспешните, со најголеми знаења и вештини. Ова е специјален сигнал за нив, да ги запознаеме, да разговараме, да ги видиме, да го имаат нашето внимание и да добијат можност да раководат. Сакаме масовност, но уште повеке сакаме квалитет, вели Ѓорѓиев.

-Сите пријавени кандидати имаат ЕДНАКВИ ШАНСИ да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности. Ќе бидат ангажирани само НАЈСПОСОБНИТЕ и НАЈСООДВЕТНИТЕ кандидати за позицијата за која се аплицира. СИТЕ пријавени кандидати кои ги исполнуваат законските услови за позицијата за која аплицираат ќе бидат повикани на интервју, дел од нив ќе бидат повикани и на тестирање и нивните податоци и препораки ќе подлежат на проверки, стои во огласот кој денеска беше објавен и на владиниот сајт.

најчитано сега