Жељко расплака уште една натпреварувачка на "Икс Фактор" - еве зошто
Жељко Јоксимовиќ кој е еден од судиите на шоуто "Икс Фактор", откако ја расплака Тамара Милановиќ со своите коментари, расплака уште една натпреварувачка. Оовјпат се работи за Александра Секулиќ, но и за солзи радосници, бидејќи за време на минаите елиминации тој гласаше таа да остане во шоуто, иако никој не го очекуваше тоа.
- Александра одеше на се или ништо. Реков дека не би гласал за нејзино враќање во минатата емисија, но се оградувам од својот коментар. Александра, беше многу добра, но не велам дека Х2О беа лоши, беше коментарот на Жељко кој ја расплата Александра.
Александра вели дека навистина допрело до неа тоа што голем уметник како Жељко го дал својот глас за неа.
-Жељко ме расплака, не ми се веруваше што рече. Тој е навистина голем уметник и за мене е голема работа да слушнам нешто такво, посебно по минатата емисија. Не можам да опишам со зборови како се чувствував во тој момент, искрено рече Александра.
За време на последните елиминации, шоуто го напуштија нашата Фифи заедно со Маринела Џогани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа