Извршена смртна казна со бесење врз 11 лица во Ирак

Во Ирак извршена е смртната казна со бесење врз 11 лица обвинети за тероризам.

Според податоците од соопштението од Багдад сите егзекутирани се ирачки државјани. Со последното извршување на смртната казна, бројот на егзекутираните лица во Ирак, за помалку од една недела се зголеми на вкупно 37 осуденици.

Комитетот за човекови права при Обединетите нации ја осуди последната егзекуција на лицата осудени на смрт во Ирак, предупредувајќи дека масовното извршување на смртните казни може да се означи како насилство врз правдата и злоупотреба на правото и на правниот поредок.

Масовните егзекуции врз на казнетите лица, доаѓа по силното насилство и распалениот тероризам во земјата, потикнат од меѓуверските разлики меѓу локалните сунити и шиити. Во текот на изминатата година, во меѓуверските насилства во ирачките градови се убиени десетина илјади лица, што е најмногу по 2006 и 2007 година.

24.01.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега