Петмина загинати во пожар во старечки дом во Квебек

Најмалку пет лица загинаа, а околу 30 се водат како изчезнати во голем пожар што уништи дом за стари лица во источниот дел на канадската провинција Квебек.

Пожарот избувнал 30 минути по полноќ според локални време.

За време на пожарот во домот имало 50 луѓе, од кои поголемиот број имале над 75 години.

Неколку пожарникарски возила биле вклучени во гаснењето на огнот, што  целосно ја уништи зградата на старечкиот дом во градчето Ил Верт, на околу 230 километри од Квебек, кое има околу 1.400 жители.

24.01.2014 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега