Турција: Вкупно 5.000 полицајци се дел од антикорупциската акција

Како што објавија турските медиуми по полициската операција која започна на 17 декември кога беа приведени луѓе блиски до турската Влада, меѓу кои и синови на тројца министри, вкупно 5.000 полицајци се прераспоредени или избркани од работа.

Минатата недела во Анкара 470 полицајци добиле отказ, а биле избркани и полицајци во Ескишехир и Измир.

Од  досегашните прераспределувања и откази погодени се 3.000 полицајци во Анкара, Истанбул и Измир, а нивниот број на цела територија изнесува 5.000.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган антикорупциската истрага ја оцени како „судски преврат“ организиран од Фетхулах Ѓулен, чии приврзаници се дел од полицијата и правосудниот систем.

24.01.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега