Даниел Кајмакоски стигнал до финалето на музичко шоу во Австрија
Нашиот претставник на "Икс Фактор", Даниел Кајмакоски, пред 11 години се натпреварувал и во музичко шоу во Австрија. Нашиот неверојатно талентиран и скромен претставник на музичкото шоу Икс Фактор, се натпреварувал и во музичкото шоу „Старманија“ каде стигнал до финалето и се пласирал на осмото место.
-Тогаш имав само 19 години и бев доста неискусен. Тоа шоу беше моја прва средба со сцената и телевизијата. Гласот не ми беше ист како сега, а мене ми беше најважно да научам најмногу што можам од тој натпревар, изјавил Даниел за српски Курир.
Иако на шоуто Даниел бил единствениот странец, сепак успеал да стигне до финалето.
-Се пееше на англиски и германски јазик, па затоа неможев да запеам на македонски, ништо немаше да разберат, додава Даниел за Курир.рс.
Даниел заминал и на турнеја со останатите кандидати, и за еден месец одржале дури 17 концерти низ Австрија. Сепак, тој вели дека откако се вратиле од турнеја иако имал потпишано договор, ништо од тоа не било исполнето и токму поради договорот рацете му биле врзани 3 години.
Па, да се надеваме дека нашиот натпреварувач ќе има повеќе среќа овојпат на Икс Фактор. Тој со својот талент веќе ги освои срцата како и на жирито, така и на целиот Балкан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа