Контингент на АРМ се враќа од мисијата ИСАФ

 

Во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево денеска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингент на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада која последниве шест месеци беше на мисија во Авганистан.

На свеченоста денеска ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, заменик началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал мајор Методија Величковски.

Во мисијата ИСАФ во Авганистан учествуваа 148 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада.

24.01.2014 - 09:18
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега