По грешка: Полицаец го застрелал својот колега

Еден полицаец во Сан Франциско починал откако неговиот колега случајно го застрелал.

Имено, 42-годишниот Том Смит заедно со неговите соработници биле на задача да извршат претрес во домот на еден крадец.

Но, работите тргнале на лошо кога истрел од пиштолот на колегата го погодил Том.

Тој веднаш бил одведен во болница, но починал по неколку часа.

24.01.2014 - 01:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега