Есма и Влатко утре на втората полуфинална вечер на Евросонг

 

Во шведската Малме арена утре ќе биде одржано второто полуфинале на 58. натпреварување за „Песна на Евровизија“ на кое меѓу 17 композиции ќе бидат избрани десет финалисти.

Право на глас утре ќе имаат само гледачите и жирито од земјите учеснички на второто полуфинале како и од три од земјите на „Големата петорка“ - Франција, Германија и Шпанија.

Домаќин на вечерта ќе биде водителката и комичарка Петра Меде.

Во аренате се поставени 210 звучници, 800 компјутерски контролирани рефлектори и 200 тони сијалици и расветлечки уреди кои висат од плафонот.

Бидејќи ниедна од земјите на поранешна југославија не влезе во финалето, тоа утре може да го направи само Македонија.

ФОТО: Хитпортал 

најчитано сега