Туна не се дели од своето момче

 

Туна Сејдиу и нејзиниот дечко, раперот Козман во последно време се неразделни. Имено, двојката која зад себе има една заедничка соработка, и тоа за синглот Феникс, чиј спот на Јутјуб има над 16 милиони прегледи, веќе извесен период живее заедно и тоа во станот на Козман, што се наоѓа во центарот на Приштина. Освен што имаат иста адреса на живеење, тие и настапуваат заедно. Па така, неодамна на еден настап во Швајцарија, раперот јавно проговорил за своите чувства кон пејачката и признал дека ја сака повеќе од се на светот.

Освен околу настапите, Туна периодов е ангажирана и со учеството на албанскиот Х- Фактор каде е судија и ментор.

Дали љубовната романса наскоро ќе се круниса со брак, останува да видиме. Колку за потсетување, Туна зад себе има еден пропаднат брак, и тоа со албанскиот бизнисмен Рилинд Река, од кого се разведе пред 2 години.

24.01.2014 - 00:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега