Сарачини-Оер: Да се интензивира соработката меѓу Македонија и Франција

 

Економската соработка меѓу Македонија и Франција треба да биде на многу повисоко ниво е заклучокот од денешната работна средба на министерот за економија Ваљон Сарачини и француската амбасадорка Франција Лоренс.

Во текот на разговорите Сарачини ги истакна приоритетите на владините политики, потенцирајќи дека вниманието треба повеќе да се насочи кон енергетиката и патната инфраструктура зашто од големо значење за една држава е привлекувањето странски инвеститори и компании, како и  странски туристи, со оглед на географската положба на Македонија и нејзиниот севкупен инвестициски и природен потенцијал.

Амбасадорката Лоренс Оер ја искажала француската поддршка за македонското евроатлантско интегрирање, го поздравила позитивниот прогрес на реформите во Македонија кои неодамна беа потврдени и со Годишниот извештај на Европската комисија.

 

најчитано сега