Отворена нова истрага против Берлускони

Јавното обвинителство започна уште една истрага против поранешниот италјански  премиер и опозициски лидер Силвио Берлускони, неговите адвокати и неколку млади жени од неговото опкружување, меѓу кои и Мароканката Карима ел Махруг попозната како Руби, поради сомнеж за корупција, јави ДПА.

Одлуката на Обвинителството за отворање истрага следи по пресудата на Берлускони од седум години затвор поради злоупотреба на власта и секс со малолетната проститутка Руби.

- Истрагата се води против 45 лица, соопшти миланскиот јавен обвинител Едмондо Брути Либерати.

Меѓу осомничените освен Берлускони, се и неговите адвокати Николо Гедини и Пјеро Лонго, неколку млади жени, кои сведочеа во процесот попознат како „Рубигејт“ и беа чести гости на  забавите во неговата вила во градот Аркоре, како и самата Руби.

Сите осомничени пред Судот изјавија дека Мароканката Руби немала сексуална врска со поранешниот премиер.

Според судиите, докажано е дека Руби имала вакви односи со Берлускони, што наведува на помислата дека тој можеби ги корумпирал сведоците за да го тврдат спротивното. 

23.01.2014 - 20:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега