Црна Гора и Албанија ќе соработуваат на патот кон ЕУ

Министрите за надворешни работи на Црна Гора и Албанија денекса нагласија дека имаат одлични односи и ќе ја интензивираат соработката во процесот на европската интеграција.

Министрите на средбата во Подгорица истакнаа дека Албанија го поддржува приемот на Црна Гора во Европската унија, а Подгорица е подготвена да и го пренесе на Тирана своето досегашно искуство во процесот на приклучување кон ЕУ.

Лукшиќ на заедничката прес-конференција по средбата изјави дека двете земји имаат одлични политички односи, кои треба да се материјализираат со интензивирање на соработката во сите области, а пред се во транспортот, инфраструктурата, енергетиката и туризмот. 

Бушати го потенцираше значењето на регионалната соработка, која, како што кажа, е тесно поврзана со европската интеграција

23.01.2014 - 20:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега