Поднесе оставка романскиот министер за внатрешни работи

Раду Строе или романскиот министер за внатрешни работи денеска поднесе оставка како резултат на се поголемото незадоволство во јавноста поради бавната спасувачката операција по несреќата на медициски авион во понеделникот.

По уривањето на малиот авион со двочлен екипаж и петмина медицински работници, кои пренесуваа органи за трансплантација, патниците веднаш побарале помош по мобилен телефон од службата за вонредни состојби, но први да им пружат помош на настраданите пристигнале  локални жители по дури шест часа, додека медицински екипи се уште немало.

Поради премрзнување и трауматски шок, починаа еден од пилотите и едно медицинско лице.

Покрај критиките од јавноста, и романскиот премиер Виктор Понра ја критикуваше спасувачката операција и го разреши државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Каталин Кипер.

Оставки поднесоа и директорот на службата за воздухопловна контрола Алеодор Франку и шефот на инспекторатот за вонредни состојби Јон Бурлуј.

23.01.2014 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега