Нови строги правила за германската војска

Како што налагаат новите правила на германската војска, на војниците строго им е забрането носењето пирсинг на носот, ирокези и еротски тетоважи.

Овие правила ќе стапат во сила на 1 февруари.

Тетоважите мораат да бидат „соодветно покриени и пристојни“ и не смееат да содржат „еротски и дискриминаторни“ мотиви, кажуваат новите правила.

Жените војници не смеат да ги лакираат ноктите со лак во боја, само проѕирен. Смеат да имаат долга коса, но таа не смее да паѓа преку очите и треба да биде собрана во опавче. 

23.01.2014 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега