Стано: Земјите членки на ЕУ ги носат одлуките - ние го кажавме тоа што треба за напредокот на Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во вторник во Брисел ќе одлучуваат дали да испратат покана до Европскиот совет на Самитот на 27 и 28 јуни да донесе одлука за отворање на пристапните преговори за членство со Македонија и Србија. 

На прашањето на дописникот на МИА од Брисел дали од идината на Комисијата зависи и одлуката за (не)доделување на датум за почеток на пристапните преговори во јуни или само на следниот октомвриски извештај на Европската комисија, Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување, Штефан Филе со одговор:

- Политичките лидери во БЈР Македонија на 1 март се договорија да превземат чекори што се потребни за се реши политичката криза во земјата и да продолжи напред на европскиот пат. Европската комисија ги извести земјите-членки на Унијата минатиот месец за напорите и Комитетот за истрага на настаните од 24 декември 2012 година е еден од важните елементи на овој договор кој треба да се имплементира што е можно побрзо и час поскоро да почне со работа и да даде резултати. Она што ќе се случи во јуни на ЕС не е на Комисијата да коментира, оти тука одлуките ги носат земјите-членки, а ние во својот Специјален извештај го кажаавме она што требаше да го кажеме за напредокот на земјата и сега чекаме испорака од Скопје, посочува портпаролот Стано.

најчитано сега