Децата безбедни - нема бактерии во кујните на двете скопски училишта

 

Последниот преглед кој го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во кујните на скопските основни училишта „Кочо Рацин“ и „Св. Кирил и Методиј“, покажа дека нема присуство на бактерии.

Од АХВ соопштуваат дека одговорните лица ги презеле сите потребни активности во рамки на интерните контроли за надминување  на пропустите констатирани од Центарот за јавно здравје.

Инспекторите за храна по спроведените контроли констатирале дека во кујните на двете основни училишта е извршено чистење и дезинфицирање на површините. 

23.01.2014 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега