Цела Хрватска трага по исчезната мајка на 4 деца, а таа побегнала кај љубовникот во Србија

До вчера стоеја фотографиите на исчезнатата  26- годишна  Антонија Михајлевиќ на сајтот на хрватскотото МВР по која се трагаше од Нова година. Како што пишува весникот Јутарњи лист, таа е жива и здрава и побегнала од мажот и четирите деца кај љубовникот во Србија.

Девојката пред да исчезне му рекла на сопругот дека сака Новата година да ја прослави кај својата пријателка во Макарска по што и се губи секаква трага.

Хрватска полиција утврдила дека 26- годишната Антонија подигнала 300 куни од банкомат на Автобуската станица во Загреб, но не се качила во автобусот за Макарска.

По две недели  им се јавила на родителите, но не и на сопругот. Маринко е шокиран и се сомнева дека сето време неговата жена водила двоен живот.

-Мене не мора никогаш повеќе да ми се јавува, ама зарем не ја интересира како ни се децата. Имаме четири. Најмалото е бебе од две години, а најстарото има 9 години. Таа наводно е во Србија кај некое момче. Има ново име на Фејсбук и само пушта фотографии со тој човек и со некое дете. Не знам што да кажам, шокиран сум, а и нашоте пријатели, роднини, сите. Но немам време за кукање, морам да работам за да ги прехранам децата. Антонија не беше вработена и се грижеше за куќата и децата. Мене сега се ми е многу комплицирано. Дојде мајка ми за да ми помага околу децата – вели Маринко Михајлевиќ.

Сопругот сфатил дека приказната дека сака да оди кај своја пријателка за НОва година е чиста измислица.

-Бев против да оди во Макарска. Ја прашав како воопшто може поради обична забава да ги остави децата и мене. Се искаравме но поради мир во куќа попуштив. Се договоривме следниот ден да се врати. Меѓутоа на Нова година испрати порака и рече дека се враќа за три дена. Потоа повеќе не се јави – изјавил сопругот на Антонија

 

 

23.01.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега