Во Србија имало најголем број на затвореници во периодот 2010-2011

 

Србија има најголем број на затвореници од земјите во регионот, со вкупен број од 10,955, се покажува во податоците за периодот 2010 2011 година, изработени од Советот на Европа. 

Веднаш зад Србија на второ место се наоѓа Хрватска со 5084 затвореници, додека Црна Гора има 1328, а Словенија само 1272.

Во однос на просторот по затвореник земјите од регионот се изедначени и еден затвореник располага со четири квадратни мерти површина, со исклучок на Словенија каде затворениците располагаат со девет квадратни метри површина.

Според бројот на затвореници на 100.000 жители на прво место е Црна Гора со 214 лица. Следат Србија со 150 затвореници и Хрватска со 115 затвореници на 100.000 население.

На ден во просек во 2010 година земјите во Европската унија трошеле по 93 евра за еден затвореник. Од буџетот на БиХ за лица осудени од Судот во БиХ дневно се одвојуваат по 90 евра, додека за лица осудени во Република Српска дневно се трошат по 29 евра. Хрватска дневно за затвореник троши пет евра, Македонија 11 евра, Србија и Црна Гора по 15 евра, а Словенија 86 евра за затворени.  

Советот на Европа според податоците од анализата заклучува дека половина од европските затвори имаат проблем со пренатрупаноста.

најчитано сега