Направете си секс календар кој ќе ви го промени животот
Колку пати сте имале секс во 2013 година? Ако не водите евиденција, можеби е време да почнете. Верувале или не, ако почнете да водите евиденција за секој секс што сте го имале, постои голема шанса вашиот љубовен живот да процвета.
На социјалната мрежа Reddit еден маж го сподели своето искуство со другите тој одлучил да почне да ги запишува во календар сексуалните активности кои ги има со својата сопруга. Во обид да биде што поприродно, го криел планот од сопругата се додека експериментот не бил готов.
Погледнете ги резултатите:
1.Биле заедно 14 години, од тие 6 во брак и добиле 3 деца.
2.Во просек имале секс секој трет ден.
3.Главно секс имале во недела.
4.Најдолагата низа е 4 дена по ред, а најдолгиот прекин цели 12 дена.
Откако неговата сопруга ги видела резултатите (119 пати за минатата година), првото што го рекла било оти знае дека оваа година тој резултат можат да го победат.
Момци веднаш фрлете се на правење календар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа