Извршена смртнатната казна врз мексиканскиот имигрант во САД

 

Доцна синоќа по локално време во затворот Хантсвил, во Тексас извршена е смртната казна врз мексиканскиот имигрант Едгар Тамајо и покрај острото противење на Владата на Мексико.

Мексиканските власти ги обвинија САД дека „егзекуцијата на Тамајо ќе значи повреда и насилство врз меѓународното право“.

Од Владата во Мексико Сити тврдат дека меѓународното право е повредено, затоа што на Тамајо не му било објаснето дека има право да побара правна помош од мексиканскиот конзулат во САД, при неговото апсење. Извршувањето на казната, во последен момент се обиде да ја спречи и Владата на САД, откако американскиот државен секретар Џон Кери побара од тексашките правосудни власти да се одложи егзекуцијата, што е случај без преседан во американската пракса, судот ја отфрли жалбата.

Едгар Тамајо (46 беше осуден на смрт, откако во јануари 1994 година убие еден 24 годишен полицаец кој го уапси Мексиканецот поради грабеж. Во моментот додека полицаецот го носел со своето возило, уапсениот кон полициската станица, Тамајо кој седел на задното седиште со револвер, сокриен во пантолоните го убил полицаецот, пукајќи три пати во неговата глава. Тамајо во САД престијуваше како илегален имигрант.

23.01.2014 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега