МЕТЕО ШОК: Во сабота пороен дожд во недела снег

Во Македонија во петок ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1300 метри надморска височина со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 1°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 13°C, јави специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1000 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен,а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Снежната граница во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе се спушти и на 400 метри,  што значи дека над 400 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Утринските темпертури ќе се движат од 0°C до 7°C, а дневните температури ќе достигнат до 4°C до 11°C.

23.01.2014 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега