Хрватска: Уапсени 25 лица поради трговија со луѓе
Откако полицијата на Босна и Херцеговина во меѓународна акција против илегалната трговија со луѓе уапси 13 лица, во Хрватска во иста акција уапсени се 25 луѓе.
Акцијата била спроведена на подрачјето на Осиек, Загреб и Сплит.
Уапсените биле дел од група која преземала, превезувала, сместувала и префрлала државјани на Косово, на Судан, на Сирија и други држави во земјите-членки на Европската унија.
Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка меѓу полицијата, УСКОК, Граничната полиција на БиХ и на Центарот за спроведување на закон во Југоисточна Европа (СЕЛЕЦ).