Три милиони возрасни Британци живеат со своите родители

Според најновото истражување над три милиони возрасни Британци се уште живеат со своите родители откривајќи дека дури еден од тројца, главно млади мажи немаат свој дом или оформено свое семејство.

Анализите покажуваат дека има неколку причини зашто е тоа така, но психолозите објаснуваат дека станува збор за загрижувачка ситуација која може да му наштети на оформувањето на идентитетот на младите.

Една од главните причини за ваквата ситуација се економските прилики во Велика Британија, како и оддолжувањето на стабилизацијата на домашното банкарство.

Британскиот психолог Лин Џордан, предупредува на опасноста од живеењето со родителите. Младите возрасни луѓе, во своите дваесети, или триесети години кои останале да живеат со своите родители, ризикуваат да им биде поткопан идентитетот на возрасни луѓе, што мора да биде изграден.

Според Џордан, ваквите млади често сакаат да се вратат во своите тинејџерски години, па дури и во детството, кога сите рааботи им биле уредено од родители кои целосно воделе грижа за нивниот живот.

23.01.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега