Која е натпреварувачката од "Икс Фактор" која лумпува и пие до раните утрински часови?

 

Постојано добива позитивни коментари од жирито на музичкото шоу "Икс Фактор" за нејзините настапи, но добива и обвинувања дека лумпува и конзумира алкохол до раните утрински часови. Откако за време на минатата емисија на Икс Фактор беше споменато дека некоја од натпреварувачките се опива, сите сакаат да знаат која е таа, а српскиот Ало, го има одговорот на ова прашање.

Се работи за талентираната Александра Брковиќ која е обвинета дека до шест часот наутро танцувала во ноќните клубови, пиела и лумпувала, но сепак од друга страна никогаш не доцнела, а мора да признаеме и нејзините настапи секогаш се фантастични.

За испаѓањето на Фифи, Александра вели дека и е навистина жал и дека Македонецот е најпозитивна личност во целото шоу. За потсетување, и Александра  беше ставена на двобој според гласовите од публиката, но успеа да остане во Икс Фактор.

23.01.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега