Издава уличен весник за да им помогне на зависниците да си купат дрога

Социјалниот претприемач Мајкл Лодберг Олсен, ги провоцира властите во Данска со проект кој на корисниците на дрога им овозможува „дигнитет“.

Мајкл Лодберг Олсен претходно основал мобилна соба за инјектирање, за да се зголеми безбедноста на зависниците.

Неодамна, либералниот став на данските власти кон дрогата беше ставен на тест кога зависницте излегоа на улиците на Копенхаген за да го продаваат новото списание со важни социјални теми, со прецизно дефинирана цел - да си ја финансираат својата зависност.

Пет илјади примероци од списанието со почетна цена од 30 круни (3,40 фунти) беа продадени по крстосниците во градот од корисници на дрога. Секој зависник ќе си задржи по 20 круни за да си купи дрога, вели издавачот на списанието, кое ќе се продава под името Илегално. Ако ова се покаже како успешно, издавачот планира да го донесе списанието и на улиците на Лондон.

Мајкл  Лодберг Олсен е независен претприемач кој дава свои пари за да го финансира списанието, и вели дека идејата е да им се овозможи на зависниците некаков дигнитет и алтернативни извори на приходи, наместо да се занимаваат со проституција и криминал.

Првите неколку примероци од списанието биле продадени во петокот, кога првиот зависник продал примероци за 18 фунти за само неколку часа. Олсен вели дека очекува да има доволна заинтересираност за четири изданија годишно.

 

Сепак, од конзервативната данска Народна партија изјавија дека се против списанието, тврдејќи дека тоа само ќе ја поттикне употребата на дроги, која - иако релативно ограничено раширена низ земјата - е концентрирана во Копенхаген и во поранешната општина Вестербро, позната по кланиците.

23.01.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега