Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди Романија

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Романија.

Епицентарот на потресот, што се случи утрово, се наоѓа во округот Вранча, на истокот на земјата.

Романскиот Национален институт за сеизмологија изјави дека се уште не се знае дали има жртви и колкава материјална штета е направена.

Потресот се почувствувал и во романската престолнина Букурешт.

23.01.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега