Рециклирале пластика за им овозможат образование на своите синови

 

Еден пар од Хенгјанг, Кина собира и рециклира пластични материјали, со тоа што собира преку 180 килограми пластика дневно за да им овозможат образование на своите синови - тоа е повеќе од 7.000 шишиња секој ден.

Џиагу Зу изнајмил фабрика во 2004 година и заедно со неговата сопруга Џиануинг Лиу заработувале преку рециклирање на пластични материјали и  од тогаш работат токму со ова, собирајќи над 7.000 пластични шишиња секој ден. 

Секоја година тие рециклираат до 20 тони пластични шишиња, што се околу 900.000 шишиња. Освен тоа, тие рециклираат и разни видови пластични предмети што е всушност дополнителни 20 тони материјал.

Парот вели дека иако нивната работа е навистина напорна, сепак се исплаќа и има добри резултати. „Не се плашиме да водиме тежок живот, не се плашиме од исцрпувачка работа затоа што можеме да изградиме среќен живот со нашите сопствени раце“, вели Зу.

За нив најтешките времиња веќе поминале, бидејќи нивните двајца синови дипломирале на факултет. Со нивните сопствени раце го изградиле и исполниле сонот за светла иднина на нивните деца, а дури успеале еден од нив да испратат на докторски студии.

22.01.2014 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега