Алкохоличари чистат улици и добиваат пиво во замена за плата

Едно здружение во Амстердам на хроничните алкохоличари им нуди работа - чистење на улиците, а нивната плата ќе биде пиво.

Нивната вкупна дневница ќе биде 10 евра, половина кутија цигари и пет лименки пиво. Тие сега ги чистат парковите каде што претходно се тепале, викале, им дофрлувале на жените и фрлале лименки со пиво.

Гери Холтерман која го води здружението во Амстердам, вели дека целта на проектот е луѓето да се окупираат со нешто, за да немаат време да прават проблеми. Работното време започнува во 9 наутро и веднаш после доаѓањето секој чистач добива две лименки пиво и кафе пред да започне да собира отпад.

Другите две лименки ги добива во попладневните часови заедно со топол оброк, а по завршувањето на работниот ден, во 15.30 часто наградата им е уште едно пиво кое може да го однесат дома.

22.01.2014 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега