Паника во Сочи: Терористички пораки за неколку олимписки комитети
Комитетите на неколку олимписки држваи од ЕУ денеска соопштија дека примиле порака со терористичка содржина за нивните спортисти пред почетокот на зимските олимписки игри во Сочи.
за такво заканувачко писмо прв сигнализираше Олимпискиот комитет на Словенија.
- Комитетот прими писмо со терористичка закана, напишано на руски јазик. Писмото го преведовме и го проследивме до полицијата, изјави Бране Димитровиќ, портпарол на Олимпискиот комитет на Словенија.
Покра Словенија такави пораки добиле и комитетите на Унгарија, Италија и Германија.
Како што соопштија од Германскиот олимписки комитет писмото до Берлин се совпаѓа со заканата упатена до Унгарците и дека веројатно е испратено до многу олимписки комитет.
- Сериозно им пристапуваме на сите сигнали што се однесуваат на безбедноста и во контакт сме со соодветните германски власти, рече портпаролот на Германскиот олимписки комитет, Кристијан Клаве.
Италијанскиот олимписки комитет, исто така, соопшти дека денеска добил електронска порака со слична терористичка закана кон неговата делегација во Сочи. Комитетот информира дека писмото е проследено до службите за безбедност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа