Пронајден уникатен син дијамант во Јужна Африка

 

Рударската компанија „Петра Дајамондс“ денеска соопшти дека нејзини работници во Јужна Африка ископале редок син дијамант.

Овој 29,6-каратен дијамант бил пронајден во рудникот „Кулинан“, каде во минатото беа извадени некои од најпознатите дијаманти во светот, вклучувајќи ја и „Ѕведата на Африка“, што е дел од британската кралска ризница.

Компанијата наведува дека новиот дијамант е со сина боја, префинет тон и чистота и дека би можел да биде избрусен во „осебно скапоцен камен“. 

22.01.2014 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега