Алкалоид се закити со наградата за најтранспарентно котирано акционерско друштво

Компанијата Алкалоид е добитник на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2012 година.

Наградата беше доделена во рамките на „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013“ во организација на Македонската Берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Алкалоид се закити со оваа награда поради  навременото и квалитетно објавување на ценовно-чувствителните информации, односот со јавноста, како и транспарентноста на операциите.

 

најчитано сега