Годинава преку владините мерки за субвенционирање ќе се вработат уште 587 лица

 

Владата изминатите неколку години им помага на граѓаните да го направат првиот чекор преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Во 2014 година се обезбедени пари за вработување на 587 евидентирани невработени лица. Од нив 80-тина лица се од ранливи категории. За ова денеска информираше министерот за труд и социјала, Диме Спасов.

-Финансиската поддршка за вработување на невработените лица од ранливите групи изнесува 17.000 денари по лице месечно, од кои 3000 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Секој работодавач кој има вработено до 10 работници има право на субвенција за најмногу 2 невработени лица. Работодавач кој има вработено до 50 работници, може да побара субвенционирање за максимум 5 лица, а работодавачот кој има вработено над 50 вработени има право на субвенција за вработување на најмногу 10 лица, истакна Спасов.

Во текот на минатата година со оваа мерка се вработени 4668 лица, а  годинава за истата се издвоени 47,520,000 денари.

Агенцијата за вработување упати апел сите невработени лица од оваа категорија да конкурираат.

Инаку, во моментов во Македонија има 126.000 пасивни и 96.000 активни баратели на работа.

22.01.2014 - 12:08
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега